сабота, 27 јули 2024

Русија изврши масовен воздушен напад на Украина

Русија утринава изврши голем напад со проектили и беспилотни летала на Украина, оштетувајќи енергетски објекти во пет региони низ земјата, соопштија властите.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Украинскиот национален оператер на мрежата Укренерго објави дека во нападот се оштетени енергетски објекти во источен Доњецк, југоисточно Запорожје и Дњепропетровск, централниот регион Кировоград и регионот Ивано-Франковск на западот.

„Утринава Русите извршија уште еден удар на украинските енергетски постројки. Од март ова е веќе шести, сложен ракетен и беспилотен напад на цивилната енергетска инфраструктура“, соопшти Укренерго.

Украинската противвоздушна одбрана тврди дека соборила 35 руски ракети и 46 дронови, според командантот на воздушните сили.

Русија од март го засили бомбардирањето на украинската енергетска инфраструктура, онеспособувајќи го поголемиот дел од производството на термо и хидроцентралите, што доведе до недостиг од струја и увоз на електрична енергија на рекордно ниво.

ДТЕК, најголемата украинска приватна компанија за производство на енергија, соопшти дека во текот на нападот се погодени две нејзини термоцентрали и дека опремата е „сериозно оштетена“.

Регионалните власти соопштија дека пожарникарите ги гасат пожарите на неколку места по нападот. Засега нема извештаи за жртви.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ