четврток, 26 декември 2024

Русија: Изборите во Молдавија се најнедемократски од независноста поради мешањето на Западот

Руското министерство за надворешни работи соопшти денес дека претседателските избори во Молдавија, на кои победи прозападната претседателка Маја Санду, биле најнедемократски во постсоветската историја на таа земја.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Портпаролката на министерството Марија Захарова кажа дека исходот, во кој Санду обезбеди победа главно благодарение на поддршката од Молдавците од дијаспората, го разоткрил длабокиот раскол во молдавското општество.

„Не би било претерано да се каже дека ова беше најнедемократската изборна кампања во сите години на молдавската независност. Ова е досега невидена репресија на власта кон опозицијата и независните медиуми, пред сè медиумите на руски јазик и отворено мешање на Западот во изборниот процес“, објави Захарова на сајтот на министерството.

Таа додаде дека поларизацијата е предизвикана од „кратковидата политика на лидерите на земјата и очигледното мешање на Западот“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ