сабота, 27 јули 2024

Русија испратила авиони бидејќи американски бомбардери летале кон нејзината граница

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението се наведува дека екипажите на руските ловци Су-35С и Су-27П ги идентификувале воздушните мети како два стратегиски бомбардери Б-1Б на американското воено воздухопловство.

„Руските средства за контрола на воздушниот простор над Балтичко Море на 25 мај 2023 година открија две воздушни цели кои се приближуваа кон државната граница на Русија. За да спречат нарушување на државната граница на Русија, ловците Су-35С и Су-27П од дежурните сили на противвоздушната одбрана на Западниот воен округ полетаа“, се наведува.

Американските авиони не ја преминале границата и се вратиле на својот матичен аеродром, соопшти руското министерство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ