сабота, 27 јули 2024

Русија и Казахстан погодени од најголемите поплави во последните децении

Повеќе од десетици илјади лица беа евакуирани од 10 северни региони на Казахстан поради поплавите, речиси 4.500 лица беа евакуирани од регионот Оренбург во Русија, бидејќи најлошите поплави во последните неколку децении ги погодија овие две земји, објавија властите.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Поплавите се предизвикани од топењето на снегот, Кремљ предупреди дека нивото на водата во одредени области на Русија се зголемува побрзо отколку што е забележано во последните 100 години, пренесе Би-би-си. Рафинеријата за нафта во градот Орск во областа Оренбург, која се наоѓа на 1.800 километри југоисточно од Москва, престана да работи поради поплави.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин им наредил на гувернерите на сибирските региони Тјумен и Курган да се подготват за ненадеен пораст на нивото на водата и „неизбежни“ поплави.

Рускиот министер за вонредни ситуации Александар Куренков денеска за време на посетата на Орск предупреди дека настанала „критична ситуација“ откако во петокот беше пробиена браната на реката Урал, која го штитеше градот од поплави.

Руските метеоролози предупредија дека нивото на водата на реката Урал во градот Оренбург ќе достигне опасно ниво во следните три дена.

Регионалните власти најавија дека најголемиот бран на поплави го очекуваат во вторник и стабилизирање на состојбата по 20 април. Во меѓувреме, Министерството за вонредни состојби на Казахстан денеска соопшти дека околу 12.000 лица се сместени во привремени засолништа.

Спасувачите префрлија околу 60.000 домашни животни во безбедни подрачја. Казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев изјави во саботата дека тоа е најголемата природна катастрофа што го погодила Казахстан во последните 80 години.

Претседателот Токаев во телевизиско обраќање до нацијата рече дека Владата ги засилила напорите за ублажување на последиците од поплавите и оти на населението ќе му биде укажана сета потребна помош.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ