сабота, 27 јули 2024

Русија го затвори конзулатот на Финска и протера 9 фински дипломати

Објавено на

часот

Сподели

„Девет вработени во финската амбасада во Русија и конзулатот во Санкт Петербург се прогласени за персона нон грата“, соопшти руското МНР.

Министерството додаде дека договорот што ја овозможи работата на финскиот конзулат во Санкт Петербург ќе биде поништен на 1 октомври. За овие мерки бил известен финскиот амбасадор Анти Хелантери, кој бил поканет во Министерството за надворешни работи во Москва.

Врачен му е „остар протест“ поради „конфронтациската и антируска политика“ на финските власти, која, како што тврди руската дипломатија, има за цел „да ги уништи децениско заемно корисните руско-фински односи“.

Финските власти на 6 јуни објавија дека протеруваат девет руски дипломати од Хелсинки, обвинувајќи ги дека работат за руските разузнавачки служби.

Односите меѓу двете соседни земји значително се влошија по руската инвазија на Украина. Поради оваа агресија Финска се откажа од долгогодишната политика на воена неутралност, па во април и официјално стана членка на НАТО алијансата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ