четврток, 26 декември 2024

Русија го затвора полскиот конзулат во Санкт Петербург поради „водење антируска политика“

Русија ќе го затвори полскиот конзулат во Санкт Петербург, објави руското министерство за надворешни работи.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Трите членка на дипломатскиот персонал кои таму работат се прогласени за непожелни личности и мора да ја напуштат земјата до 10 јануари, се наведува.

Овој чекор е одговор на затворањето на рускиот конзулат во Познањ, што на крајот на ноември го направи полското министерство за надворешни работи. „Во последните години полските власти водат отворена антируска политика и речиси целосно ја уништија архитектурата на руско-полските односи која е градена со децении“, се наведува во соопштението на руското министерство.

Шефот на полската дипломатија Радослав Сикорски го правдаше затворањето на рускиот конзулат во Познањ со тоа што имал информации дека Русија стои зад обиди за саботажа во Полска и сојузнички земји.

Полска, членка на Европската Унија и НАТО, е една од најжестоките воени поддржувачи на Украина.

Сикорски кажа дека овој потег на Москва не изненадува и дека Варшава кон него се донесува со „достоинствена рамнодушност“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ