среда, 18 декември 2024

Русија: Го уапсивме убиецот на нашиот генерал, призна сè

Руската служба за безбедност соопшти дека 29-годишен државјанин на Узбекистан е приведен за убиството на високиот генерал Игор Кирилов и неговиот помошник во Москва.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Генерал-полковник Игор Кирилов, началник на Силите за нуклеарна, биолошка и хемиска одбрана (НБЦ), беше убиен вчера рано наутро кога беше активирана експлозивна направа што се наоѓала на тротинет. Руските безбедносни служби изјавија дека осомничениот бил регрутиран од украинската разузнавачка служба, јавуваат државните медиумски агенции.

Украински извор вчера за Би-би-си потврди дека зад убиството стои украинската служба за безбедност. Изворот наведува дека Кирилов бил „легитимна цел“. Во понеделникот, ден пред убиството, Украина го обвини Кирилов (54) во отсуство, велејќи дека тој е „одговорен за масовната употреба на забрането хемиско оружје“.

Центарот за односи со јавноста на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека уапсениот 29-годишник е „осомничен дека извршил терористички напад“. Во соопштението за печатот се наведува дека за време на сослушувањето „објаснил дека бил регрутиран од украинските специјални служби“.

Се додава дека 29-годишникот пристигнал во Москва по инструкции од Украина и изнајмил автомобил за да ја надгледува резиденцијата на Кирилов. Експлозивната направа ја поставил на електричен тротинет што го паркирал на влезот од станбената зграда во која живеел Кирилов, соопшти ФСБ. ФСБ изјави дека на осомничениот му е „гарантирана“ награда од 100.000 долари и азил во европска земја.

Инспекторите велат дека осомничениот рекол дека инсталирал надзорна камера во изнајмен автомобил во близина и дека организатортие на атентатот од украинскиот град Днипро ја користеле камерата за да го следат Кирилов и далечински да го активираат уредот кога тој излегол од зградата.

Рускиот истражен комитет соопшти дека во тек е идентификација на други лица вклучени во организацијата на атентатот. Инаку, руското Министерство за надворешни работи најави дека ќе го постави прашањето за убиството на Кирилов пред Советот за безбедност на ОН.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ