Во соопштението се наведува и дека Русија од 1 јули го презема претседателството со Советот за безбедност на ОН на еден месец.
„На 16 јули ќе се одржи отворена дебата на министерско ниво на темата „Мултилатералната соработка во интерес на создавање поправеден, подемократски и поодржлив светски поредок“. На 17 јули ќе се одржи отворена дебата за ситуацијата на Блискиот Исток, вклучувајќи го палестинското прашање. На 19 јули ќе се одржи дебата на Советот за безбедност за соработката на ОН со ОДКБ, Заедницата на независни држави и Шангајската организација за соработка“, порача руското министерство.
Се додава дека Лавров ќе претседава со првите два настани.