сабота, 27 јули 2024

Русија го покани германскиот амбасадор на разговор

Министерството за надворешни работи на Русија денеска го покани на разговор германскиот амбасадор Александар Ламбсдорф, изјави неименуван извор за РИА Новости, без да наведе детали.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Агенцијата наведува дека германскиот амбасадор бил поканет на разговор откако Маргарита Симонјан во петокот објави аудио снимка од приближно 30-минутен разговор, на кој, како што објавија медиумите, се слушаат четворица офицери на Бундесверот како разговараат за техничките можности на крстосувачката ракета таурус и дали технички се способни да го уништат мостот на Крим.

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека се обидува да ја „дестабилизира“ Германија, со објавата на снимката.

„Едноставно станува збор дека оваа снимка се користи за дестабилизација“ и поткопување на „единството“ на Германија, изјави Писториус за новинарите во Берлин.

„Очигледно, станува збор за поткопување на нашето единство (…), за внатрешно проширување на политичките поделби и искрено се надевам дека Путин нема да успее и дека ќе останеме обединети“, додаде тој.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова претходно изјави дека Москва бара објаснување од Берлин во врска со случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ