сабота, 27 јули 2024

Русија го означи Гринпис како „непожелна организација“

Објавено на

часот

Сподели

Главниот обвинител рече дека Гринпис се обидел да „се меша во внатрешните работи на државата“ и дека бил „вмешан во антируска пропаганда“ повикувајќи на санкции против Русија, пренесе Ројтерс.

Рускиот разгранок на еколошката група Гринпис денеска соопшти дека ќе ги затвори канцелариите откако властите ја прогласија групата за „непожелна организација“.

Во соопштението, рускиот државен обвинител рече дека Гринпис се обидел да „се меша во внатрешните работи на државата“ и дека е „впуштен во антируска пропаганда“ повикувајќи на санкции против Москва.

„Го изразуваме нашето категорично несогласување со одлуката на Јавното обвинителство“, се вели во соопштението на Гринпис Русија објавено на Телеграм.

„Оваа одлука го прави незаконско продолжувањето на секоја активност на Гринпис во Русија. Затоа, руската филијала на Гринпис е принудена да се затвори.“

Ознаката „непожелно“ е применета на десетици странски групи откако Москва почна да ја користи класификацијата во 2015 година.

Русија претходно покрена кривична постапка против активистите на Гринпис во 2013 година, кога тие се обидоа да се качат на нафтената платформа во Арктички Океан, која му припаѓа на државниот енергетски гигант Газпром, во знак на протест против производството на нафта на Арктикот.

Во тој инцидент, руските безбедносни служби се качија на бродот на групата регистриран во Холандија и го приведоа нејзиниот 30-член екипаж, каде што беа под истрага за пиратство.

Гринпис е една од најголемите и најпрепознатливи еколошки организации во светот, која работи во над 50 земји.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ