понеделник, 30 септември 2024

Русија го осуди убиството на лидерот на Хезболах, Германија го поддржа Израел

Кремљ го осуди убиството на лидерот на Хезболах Хасан Насрала во израелски воздушен напад минатата недела, јавува Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека смртта на Насрала довела до сериозна дестабилизација во поширокиот регион.

Тој рече дека бомбардирањето станбени области во Либан предизвикало големи жртви и ќе создаде хуманитарна катастрофа слична на онаа во Газа.

Портпаролот на германската влада рече дека убиството на Насрала со воздушен напад врз станбена населба во Бејрут е остварување на правото на Израел на самоодбрана.

„Хезболах, секако, е терористичка организација и очигледно тоа било средба на најтесното раководство на Хезболах, од која од далеку може да се претпостави дека тие ги планирале своите понатамошни акции. Тука е остварено правото на самоодбрана“, рече тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ