сабота, 27 јули 2024

Русија го одби барањето на амбасадата на САД да го посети уапсениот новинар на Волстрит џурнал

Објавено на

часот

Сподели

Се наведува дека мерката е преземена како одговор на неиздавањето на американски визи на претставниците на руските медиуми, кои требаше да патуваат со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на состанокот на Советот за безбедност на Обединетите нации во Њујорк.

Русија нема да го заборави и да го прости неиздавањето американски визи на руските новинари, изјави денес Лавров по завршувањето на состаноците на Советот за безбедност на 24 и 25 април.

Заменикот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Рјабков изјави дека неиздавањето визи на руските новинари е нечуено и дека одговор на официјална Москва до Вашингтон во врска со тоа неизбежно ќе следи.

Гершкович минатиот месец беше уапсен и обвинет од страна на Русија за шпионирање, што тој го негира.

Вашингтон тврди дека Гершкович е незаконски притворен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ