четврток, 26 декември 2024

Русија го нападна енергетскиот систем на Украина и повеќе градови, Зеленски порача дека Путин намерно го избрал Божиќ за „нечовечност“

Русија денес го нападна енергетскиот систем на Украина и некои градови со крстосувачки и балистички ракети и беспилотни летала во „нечовечки“ напад на Божиќ, кажа украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Речиси три години од почетокот на војната, во нападите се ранети најмалку шест лица во градот Харков на североистокот на земјата, а едно лице е убиено во регионот Дњепропетровск, јавија тамошните власти.

Половина милион луѓе во Харковската област останале без греење, на температури од само неколку Целзиусови степени над нулата, додека во главниот град Киев и на други места немало струја.

„Денес (рускиот претседател Владимир) Путин намерно го избра Божиќ за напад. Што може да биде понечовечно? Повеќе од 70 проектили, вклучувајќи балистички ракети, и повеќе од стотина дронови за напади. Мета е нашата енергетска инфраструктура. Тие продолжуваат да се борат за прекин на струјата во Украина“, оцени Зеленски.

Украинците денес го одбележуваат својот втор Боќиќ според новиот календар, што е уште еден чекор кон бришењето на врските со Русија.

Повеќето Украинци се православни христијани, а независната православна црква на Украина, формирана во 2018 година, се договори во 2023 да отстапи од традиционалниот јулијански календар кој се користи во Русија и каде Божиќ се слави на 7 јануари.

Русија ги интензивираше нападите на украинскиот енергетски сектор од пролетта оваа година, оштетувајќи речиси половина од неговите производни капацитети и предизвикувајќи долготрајни прекини на струјата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ