сабота, 27 јули 2024

Русија го намалува извозот на нафта, а Саудиска Арабија производството

Објавено на

часот

Сподели

„Во рамки на обидите да се зачува рамнотежата на пазарот на нафта Русија доброволно во август ќе го намали снабдувањето со нафта за 500.000 барели дневно со намалување на извозот во тој обем на глобалните пазари“, кажа Новак. Русија во март доброволно го намали производството за 500 илјади барели дневно во однос на просекот во февруари, а одлуката потоа ја продолжи до крајот на годината, пишува руската агенција ТАСС.

Новата одлука се однесува на извозот, а не на производството, наведува ТАСС.

Саудиска Арабија, пак, одлучи да ја продолжи одлуката за намалување на производството за милион барели дневно за еден месец, до крајот на август, објави државната новинска агенција СПА.

Саудиското производство во јули и август ќе изнесува девет милиони барели дневно. Шефот на руската енергетска компанија Роснефт Игор Сечин кажа во јуни дека Русија е во загуба во однос на другите земји од ОПЕК+ бидејќи извезува помал дел од произведената нафта.

Некои земји од ОПЕК+ извезуваат речиси 90 отсто од своето производство, а Русија само половина, кажа Сечин. По одлуката на овие два водечки извозници глобалното снабдување ќе биде намалено за вкупно 5,16 милиони барели дневно, бидејќи ќе се надоврзат на важечкиот договор на ОПЕК+ за намалување на снабдување за 3,66 милиони барели дневно, пресметал Ројтерс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ