сабота, 27 јули 2024

Русија го казни Гугл со 50,8 милиони долари поради „лажни“ вести за Украина

Рускиот суд денеска го казни Гугл со 4,6 милијарди рубљи (50,84 милиони долари) затоа што не отстранил „лажни“ информации за конфликтот во Украина, јави новинската агенција ТАСС.

Објавено на

часот

Сподели

Русија е во речиси постојани расправии со странските технолошки компании поради содржината, цензурата и податоците, што се интензивира по руската инвазија на Украина во февруари 2022 година.

Русија тоа го нарекува „специјална воена операција“.

Москва му изрече казна на Гугл во износ што претставува дел од годишниот промет на компанијата во Русија. На крајот на 2021 година, Русија го казни Гугл на ист начин, во износ од 7,2 милијарди рубљи, а и во август 2022 година, кога казната изнесуваше 21,1 милијарди рубли.

Гугл, во сопственост на Алфабет, не одговорил веднаш на барањето за коментар.

Јутјуб, исто така во сопственост на Алфабет, беше особено критикуван од Русија, но за разлика од Твитер, а потоа и Фејсбук и Инстаграм, кои се дел од Мета, тој никогаш не беше блокиран.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ