сабота, 14 декември 2024

Русија го блокираше Вибер

Руските власти ги блокираа услугите на апликацијата Вибер бидејќи операторот наводно го крши законот, соопшти рускиот телекомуникациски регулатор Роскомнадзор. Регулаторот рече дека апликацијата, во сопственост на јапонската мултинационална компанија Ракутен, се користела за терористички и екстремистички цели, за продажба на дрога и ширење дезинформации.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Обвинителите го истражуваат Вибер за ширење „информации за дестабилизирање на политичкиот и општествениот поредок во Русија“, објави државната новинска агенција ТАСС. Вибер не коментираше.

Од 2018 година, операторите на комуникациските платформи во Русија мора да ги складираат приватните податоци на корисниците како што се повици, пораки, фотографии и видеa, и на барање да ги достават до разузнавачките служби.

Руските власти дополнително ја зајакнаа цензурата во земјата од почетокот на војната против Украина. Вибер беше казнет минатата година за наводно дискредитирање на руските вооружени сили со тоа што не ги избриша информациите за војната како што нареди Владимир Путин.

Русија веќе блокираше голем број популарни апликации за размена на пораки и социјални мрежи. Линкдин, Фејсбук, Инстаграм и Сигнал не можат да се користат во Русија без ВПН (виртуелна приватна мрежа).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ