сабота, 27 јули 2024

Русија ги замрзна сметките на дипломатските претставништва на Финска, како одговор на „непријателските постапки“

Објавено на

часот

Сподели

Претставници на Финска и Данска изјавија вчера дека дипломатските банкарски сметки на двете земји во Русија се замрзнати, поради што нивните амбасади мора да плаќаат во кеш.

Финска, која има долга граница со Русија, влезе во НАТО на 4 април во политички пресврт поттикнат од конфликтот во Украина, односно „специјалната воена операција“ на Москва.

Руските амбасади низ Европа од тогаш имаат проблеми со банкарските сметки, а во некои случаи им се запленети средствата, како начин да се казни Москва за нејзината војна во Украина.

Коментирајќи го руското замрзнување на финските дипломатски банкарски сметки портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков кажа: „Ова не е иницијатива од руска страна. Ние реагираме на ситуацијата која ја создадоа владите на неколку земји од колективниот Запад, вклучувајќи ја, за жал, и Финска“.

Песков истакна дека Русија непријателските акции никогаш не ги оставила без одговор.

Финскиот министер за надворешни работи Пека Хависто кажа вчера дека Хелсинки на 4 мај реагирало со нота до руските власти во која се бара Москва на дипломатските мисии да им обезбеди капацитет за функционирање и бара официјално објаснување за замрзнувањето.

„Ќе одговориме на нотата повторувајќи дека во нашите односи и понатаму ќе преовладува принципот на реципроцитет и принципот на примерен одговор на непријателските чекори“, кажа Песков.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ