сабота, 27 јули 2024

Русија ги предупредува граѓаните да не патуваат на Блискиот Исток, исклучок е Јордан

Русија силно им препорачува на своите државјани да не патуваат во регионот на Блискиот Исток, особено во Израел, Либан и палестинските територии, освен во случаи на крајна нужда, кажа портпаролката на министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Тензичната ситуација во регионот на Блискиот Исток и понатаму е нестабилна“, кажа денес Захарова, пренесува РИА Новости.

Што се однесува до Јордан, таа истакна дека „безбедносната ситуација таму е и понатаму стабилна“.

„Прелевање на непријателствата од Појасот Газа на територијата на Јордан во овој момент изгледа малку веројатно“, додаде портпаролката на руската дипломатија.

Како одговор на упадот на палестински Хамас во Израел на 7 октомври, израелската војска почна воена операција против Палестинците во Појасот Газа, а бројот на убиени во воената операција изнесува над 33.000, со 76.000 повредени.

Односите на Израел и Иран дополнително се влошија по нападот на иранскиот конзулат во Дамаск на 1 април, за кој Техеран го обвинува Израел. Во нападот беа убиени командантот на Револуционерната гарда во Сирија и Либан Мохамед Реза Захеди и неговиот заменик, како и пет офицери кои ги придружувале.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ