среда, 23 октомври 2024

Русија ги отфрли обвинувањата дека Навални бил отруен со новичок

Русија ги негираше тврдењата на вдовицата на Алексеј Навални дека тој бил отруен со нервниот агенс новичок. Јулија Навални во видео-изјава го обвини Владимир Путин дека го убил нејзиниот сопруг и дека го сокрил неговото тело за да исчезнат трагите од отровот.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека рускиот претседател не го видел видеото и нема да коментира бидејќи г-ѓа Навални неодамна остана вдовица, но ги негираше обвинувањата.

„Се разбира, ова се апсолутно неосновани, одвратни обвинувања против шефот на руската држава“, изјави тој.

„Со оглед на тоа што Јулија Навални стана вдовица пред само неколку дена, ќе ги оставам обвинувањата без коментар. Не сум запознаен со оваа изјава. Но, ако содржеше такви зборови, тоа не се ништо повеќе од неосновани обвинувања, бидејќи со ништо не се поткрепени, не се потврдуваат“, рече Песков.

Јулија Навални во видео-порака го обвини Путин дека го убил нејзиниот сопруг и дека ѝ отсекол половина од срцето и душата.

„Сакам да живеам во слободна Русија, сакам да изградам слободна Русија“, изјави таа и додаде дека ќе продолжи со неговата работа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ