сабота, 27 јули 2024

Русија е отворена за дијалог за Украина, рекол Путин во разговор со бразилскиот претседател

Објавено на

часот

Сподели

Рускиот претседател Владимир Путин во телефонски разговор со својот бразилски колега Луис Инасио Лула да Силва рекол дека Русија е отворена за дијалог во однос на Украина.

Лула на Твитер напиша дека тој повторил дека Бразил е подготвен да разговара со двете страни во војната во Украина.

„Тукушто разговарав по телефон со претседателот на Русија Владимир Путин, му се заблагодарив за поканата да присуствувам на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург и му одговорив дека во моментов не можам да одам во Русија, но ја повторив подготвеноста на Бразил, заедно со Индија, Индонезија и Кина, да разговара со двете страни во конфликтот во потрага по мир“, напиша Лула на Твитер.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ