сабота, 27 јули 2024

Русија до меѓународната заедница: Осудете го ова монструозно злосторство

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, ја повика меѓународната заедница да го осуди „монструозното злосторство“ по нападот на концертната сала во близина на Москва, јавува Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Руското Министерство за надворешни работи добива повици од целиот свет од обични граѓани што изразуваат сочувство во врска со страшната трагедија во Сити хол Крокус и го осудуваат овој крвав терористички напад што се случува пред очите на целото човештво“, напиша таа на Телеграм.

Рускиот медиум Фонтанка, повикувајќи се на Нина Останјина, пратеник во Државната дума, долниот дом на рускиот парламент, објави дека меѓу загинатите има и деца.

Во меѓувреме, чеченскиот лидер Рамзан Кадиров порача: „Силно ги осудувам ваквите акти на насилство, бруталност и непромисленост врз цивили“.

Сите големи спортски, културни и други јавни настани кои беа најавени во Москва за викендов се откажани по масакрот во концертната сала, соопшти градоначалникот Сергеј Собјанин.

Ова е терористички напад каков што со години не е виден во Русија. Според руските медиуми, напаѓачите на концертната сала биле облечени во воени униформи.

Напаѓачите влегле во фоајето на преполната сала и отвориле оган врз цивилите.

Градоначалникот на Москва во првата реакција рече дека се случила страшна трагедија. „Во трговскиот центар Крокус Сити денеска се случи страшна трагедија“, изјави градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин, додавајќи дека на повредените за време на инцидентот ќе им биде дадена сета неопходна помош.

Главната руска државна агенција за истрага на криминалот, Истражниот комитет, соопшти дека го истражува нападот, кој го опиша како терористички напад.

Комитетот не соопшти кој би можел да биде одговорен за нападите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ