петок, 26 јули 2024

Русија директно ѝ се закани на Франција за патролите во Црно Море

Русија се закани дека ќе ги соборува француските авиони кои од минатиот месец патролираат во меѓународниот воздушен простор над Црно Море.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Францускиот министер за одбрана Себастиен Лекорну не изнесе детали за француските летови или на авионите вклучени во заканата за соборување.

Тој кажа дека Русија го враќа „особено агресивниот став“ кој личи на однесувањето на поранешниот Советски Сојуз за време на Студената војна.

„Пред еден месец, да ви дадам многу конкретен пример, рускиот систем за контрола на воздушниот сообраќај се закани дека ќе ги собори француските авиони во Црно Море кога бевме во слободната меѓународна зона каде што патролираме“, кажа тој за РТЛ.

„Однесувањето на Русија во 2024 нема никаква врска со она од 2022 и, очигледно, пред агресијата во Украина“, кажа францускиот министер.

„Тоа се објаснува со фактот дека Русија има тешкотии на бојното поле во Украина“, оцени тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ