сабота, 27 јули 2024

Русија: Американската тајна служба дозволи блокирање на влезот во руската амбасада

Руската амбасада во Соединетите Американски Држави (САД) денеска ќе испрати дипломатска нота до Вашингтон во знак на протест поради постапките на тајната служба на денот на одржување на претседателските избори во Русија во неделата, пренесе државната новинска агенција ТАСС.

Фото: Википедија

Објавено на

часот

Сподели

Повикувајќи се на рускиот амбасадор во САД Анатолиј Антонов, ТАСС денеска јави дека службениците на тајната служба „дозволиле блокирање на влезот во руската амбасада и создавање пречки за руските граѓани кои дошле да гласаат“.

Претседателот Владимир Путин извојува рекордна пост-Советска победа на изборите, консолидирајќи ја својата и онака цврста контрола на власта, пишува Ројтерс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ