сабота, 27 јули 2024

Русија: Ако Западот мисли дека ќе се согласиме со некаков нивен план, ништо не разбрале

Објавено на

часот

Сподели

Минатата недела италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи Ди Мајо го претстави планот за мир во Украина, додавајќи дека за тоа разговарале со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за време на посетата на Њујорк.

Според тој план, во организацијата за прекин на огнот во Украина би биле вклучени ОН, ЕУ и Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).

„Не можете со едната рака да испраќате оружје во Украина, а со другата да носите план за мирно решение на ситуацијата“, изјави денеска Захарова.

„Ако се надеваат дека Руската Федерација ќе се согласи со каков било план на Западот, ништо не разбрале“, додаде таа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ