четврток, 24 октомври 2024

Русија ѝ вети помош на Латинска Америка за да се спротивстави на САД

Секретарот на рускиот Совет за безбедност, Николај Патрушев, најголемиот сојузник на претседателот Владимир Путин, вети дека ќе им помогне на земјите од Латинска Америка да се спротивстават на, како што рече, американските обиди да се мешаат во нивните внатрешни работи.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Патрушев своите тврдења ги изнел во Никарагва, на чие чело е поранешниот герилец Даниел Ортега, и по состанокот со поранешниот кубански лидер Раул Кастро во Хавана.

Како што го цитира ТАСС, Патрушев рече дека земјите од Латинска Америка се добро запознаени со обидите на Соединетите Држави да извршат економски и политички притисок врз оние чија политика не му одговара на Вашингтон.

„Латинска Америка останува важна зона на мирот, еден вид остров на стабилност. За нас е важно повеќе земји во тој регион да се стремат кон независни политики“, рече Патрушев во Манагва, пренесе ТАСС.

Москва, додаде тој, ќе продолжи да „дејствува во рамки на постоечките средства за да спречи мешање во внатрешните работи на вашите земји, како и кампањи за дискредитација на нивните легитимни власти, заплашување на нивното население и дестабилизација на нивните економии“.

Војната во Украина ја предизвика најголемата криза во односите меѓу Русија и Западот од 1962 година и кубанската ракетна криза, тврдат руски и американски дипломати.

Откако Западот воведе санкции за кои американските и европските лидери велат дека се најстроги санкции против големата економија, Русија се одврати од Европа и САД и ги зајакна своите врски со земјите од Азија, Блискиот Исток, Африка и Латинска Америка.

На својата турнеја во Латинска Америка, Патрушев треба да ги посети и Боливија и Венецуела, каде што, како и во Куба и Никарагва, на власт се левичарски влади со ладни односи со Вашингтон.

Патрушев рече дека развојот на добри врски со Латинска Америка и карипските држави останува „еден од клучните приоритети на Москва“.

Во Куба, Патрушев и Кастро разговарале за соработка во областа на безбедноста, соопшти рускиот Совет за безбедност, пренесе агенцијата Интерфакс.

„Николај Патрушев му потврди на Раул Кастро дека Москва останува посветена на духот на стратешкото партнерство меѓу двете земји“, се вели во соопштението за печатот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ