„Пепе, каков идиот“, напишал Руни на профилот, а подоцна додал „Понекогаш, луѓето може да те извадат од кожа“.
И повредениот првотимец на Арсенал, Џек Вилшер го прокоментирал однесувањето на Португалецот.
„Каков бедник“, напишал Вилшер.
Пепе е добро познат како неверојатно груб фудбалер, кој има „краток фитиљ“ и често се исклучува на фудбалските мечеви, особено во последно време на дербијата со Реал Мадрид. Тој имаше и суспензија од 10 меча кога намерно клоцна фудбалер во глава, откако претходно ја шутираше топката во нозете на противникот. Поради неговото дивјачко однесување, синоќа доби и опомена од тренерот Жозе Мурињо.
Мурињо на прес-конференцијата, на која ја презел одговорноста за новиот пораз од Барселона, изјавил дека спорната ситуација не ја видел, но дека ако „Пепе имал намера, мора да биде казнет за односот“.
Барселона со 2-1, и одново со пресврт по водство на Реал, славеше во Мадрид и направи огромен чекор кон полуфиналето во Купот. Ова е трета победа во четвртиот овосезонски меч на Барса против Реал, а вкупно деветти во 13 меча.
[video:http://www.youtube.com/watch?v=X1iVUWbXsWY]