сабота, 27 јули 2024

Румена Бужаровсја е новото име на Три

Објавено на

часот

Сподели

Ценета и преведена на 15т светски јазици – Румена Бужаровска има големо влијание врз развојот на македонската проза. Од Три со големо задоволство и возбуда ги најавуваат трите збирки раскази „Осмица“ (ново издание во кое има и од раните раскази од „Чкртки“), „Мојот маж“ и „Не одам никаде“. Ќе пристигнат на овогодишниот Саем на книгата, што ќе се одржи во Спортската сала „Борис Трајковски“, од 4 до 10 мај.

Со овој чекор, Бужаровска ни потврдува дека нејзината успешна приказна сè уште е во полн ек. А одѕивот од читателите што возбудено чекаат да ги земат в раце новите изданија, се доказ дека таа не само што е актуелна меѓу нив туку и дека нејзината проза е длабоко вкоренета во македонската книжевност. Во меѓувреме Румена Бужаровска доживеа и голем светски успех – во 2016 година беше избрана за еден од најинтересните писатели во Европа во рамките на платформата „Литерари Јуроп лајв“ (Literary Europe Live), добитничка е на годишната награда за литература на Истра, Хрватска, „Едо Будиша“, во 2022 „Мојот маж“ беше преведена на француски јазик и издадена кај еден од најголемите и најпознатите светски издавачи „Галимар“, а за истата книга преводот на германски јазик беше книга на неделата во Германија на угледниот неделник „Шпигел“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ