„Оваа активност е дел од повеќегодишната соработка помеѓу Саса и здружението ‘Шаран’, преку која рудникот обезбедува финансиска поддршка наменета за набавка на рибен подмладок и порибување на езерото Калиманци“, се вели во информацијата од рудникот.
Дополнителни финансиски средства како што додадоа оттаму се донираат и за набавка на потребната опрема за извршување на активностите на риболовното друштво.
Подвлекоа дека оваа соработка со здружението на риболовци од Македонска Каменица е само еден дел од активностите кои рудникот ги спроведува во континуитет, а се наменети за поддршка на локалната заедница, заштита и унапредување на животната средина и одржлив развој.