сабота, 27 јули 2024

РТК2: Новите градоначалници на Звечан и Зубин Поток денес нема да влегуваат во зградите на општините

Објавено на

часот

Сподели

Ноќта во Звечан минала мирно, а денес неколку десетици граѓани повторно се собрале пред зградата на општината, но без инциденти.

Тие повторно бараат на градоначалниците избрани на спорните избори да им се оневозможи влез во зградата на општината, специјалните единици на косовската полиција да се повлечат од северот за контролата над објектите да ја преземе Кфор.

Припадници на Кфор и денес се распоредени пред општината, со тоа што кордонот е поместен педесетина метри од општинската зграда, во која сè уште се наоѓаат припадници на специјалните единици на косовската полиција РОСУ.

Србите во четирите општини на северот на Косово протестираат барајќи општинските згради да ги напуштат градоначалниците Албанци избрани на изборите кои српската заедница ги бојкотираше.

Во судирот на Кфор и граѓаните кои се собраа да го спречат влегувањето на градоначалниците Албанци во зградата на општинската управа во понеделникот беа ранети над 50 Срби, од кои двајца потешко, и 30 припадници на Кфор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ