четврток, 31 октомври 2024

РТ: Украина ја почна контраофанзивата

Објавено на

часот

Сподели

Украинската војска, рекле неколку руски воени дописници, извршила серија симултани напади северно и јужно од Бахмут, во Русија познат како Артјомовск. Градот со месеци е во центарот на интензивни борби меѓу руските и украинските војници.

Украинските сили наводно користеле тенкови за да го нападнат градот Соледар, сместен североисточно од Бахмут, кој беше заземен од руските трупи по тешките борби во јануари.

Во меѓувреме, во јужниот регион Запорожје, украинските војници на Киев наводно ги нападнале руските позиции во близина на градот Хуљајполе, сакајќи да ја пробијат првата одбранбена линија на руските сили, рекол Поддубни.

Големи колони тешка воена опрема, исто така, наводно биле забележани како се движат кон украинската граница со рускиот регион Белгород на североисток. Руските медиуми, исто така, објавија дека голем број десантни чамци биле забележани во близина на брегот на реката Дњепар во делови под контрола на Украина.

Киев засега не ги коментираше извештаите, вели РТ.

Дека долгоочекуваната украинска контраофанзивата почнала тврди и шефот на платеничката група Вагнер Јевгениј Пригожин. 

Контраофанзивата на Украина е „во полн замав“, рече Пригожин, и го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека е мамел денеска кога кажа дека Киев не е подготвен да ја почне контраофанзивата, пренесе британски Телеграф.

Пригожин рече дека украинските операции се покажале како „за жал успешни“ бидејќи неговите борци биле под силен притисок во контраофанзивата на Киев.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ