сабота, 27 јули 2024

РСБСП: Возете внимателно за празниците

Во пресрет на празниците 1 Мај и Велигден, се очекува зголемување на фрекфенцијата во сообраќајот, патувања на подолги дестинации, излети во природа и дружења со семејството и  пријателите. Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП)  ги честита празниците и упатува апел за внимателно и совесно учество во сообраќајот.

Објавено на

часот

Сподели

Со цел зачувување на безбедноста на секој учесник во сообраќајот РСБСП советува:

  • почитувајте ги сообраќајните правила и прописи и поставената сообраќајна сигнализација,
  • користете сигурносен појас,
  • возете одморени и правете почести паузи, особено кога патувате на подолги дестинации,
  • не управувајте со моторно возило доколку сте под дејство на алкохол,
  • возете со технички исправно возило,
  • прилагодете ја брзината според условите на патот и одржувајте безбедно  растојание од другите возила,
  • не зборувајте на мобилен телефон додека возите,
  • внимавајте на секој учесник во сообраќајот.

„Возете внимателно и одговорно! Безбедноста на секој учесник во сообраќајот е заедничка грижа. СРЕЌНИ ПРАЗНИЦИ!“, се вели во пораката од РСБСП.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ