сабота, 27 април 2024

РСБСП апелира возачите да паркираат совесно и одговорно

„Потребата за паркинг места е сѐ поистакната заради континуираниот пораст на бројот на моторни возила во РСМС, зголемениот број на жители во населените места и модерните навики на луѓето за почесто користење на индивидуално моторно возило наместо јавен превоз или разни форми на одржлива мобилност, пешачење, возење велосипед…“, велат од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата (РСБСП).

Објавено на

часот

Сподели

„Кога паркирањето не е регулирано, може да предизвика низа неповолности за возачите, како на пример: големен стрес кај возачите, продолжено време за пристигнување на посакуваната дестинација, зголемени трошоци, нарушување на просторот наменет за пешаци, узурпирање на зелени површини, запирање и паркирање на места наменети за инвалидизирани лица, повреди на законските регулативи, можни казни за возачите и сл. Заради унапредување на состојбата со паркирањето и зголемување на безбедноста на сообраќајот, РСБСП повикува: паркирајте го возилото на места означени за тоа, не користете мобилен телефон додека паркирате, во паркинг просторот возете забавено и внимавајте на другите возила и пешаците, внимавајте на сообраќајните знаци кои се однесуваат на паркирањето, не паркирајте на места обележани за паркирање на возила на лица со попреченост, не паркирајте преку обележаните ленти за паркирање – почитувајте го просторот за секое возило, и др„ велат од РСБСП од каде упатуваат апел да се паркира одговорно и совесно.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ