сабота, 27 јули 2024

Росе: Елмас е сестран фудбалер кој може да игра на многу позиции

Елиф Елмас од денеска му се приклучи на новиот клуб, Лајпциг со кој веднаш замина на мини подоготовки во Шпанија, тренерот Марко Росе има само убави зборови за македонскиот фудбалер.

Објавено на

часот

Сподели

Елмас од денеска се стави во погонот на Лајпциг. Росе објасни зошто се одлучиле за македонскиот фудбалер и верува дека тој ќе им биде од голема помош поради разновидноста која ја има во својата игра.

„Знаевме дека Емилф Форсберг ќе нѐ напушти за Њујорк оваа зима. Му дозволивме и на Фабио Карваљо да се врати порано во Ливерпул. Момчето чувствуваше дека му е потрена промена и прифативме“, вели Росе.

„Елиф е нашата нова опција за овие две заминувања. Нашиот тим не е широк, но има многу квалитет. Елмас е сестран играч. Тој почна како главен играч во средниот ред, но може да игра како офанзивен и на крилните позиции. Има одлична техника, може да се враќа и назад и работи напорно“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ