Елмас од денеска се стави во погонот на Лајпциг. Росе објасни зошто се одлучиле за македонскиот фудбалер и верува дека тој ќе им биде од голема помош поради разновидноста која ја има во својата игра.
„Знаевме дека Емилф Форсберг ќе нѐ напушти за Њујорк оваа зима. Му дозволивме и на Фабио Карваљо да се врати порано во Ливерпул. Момчето чувствуваше дека му е потрена промена и прифативме“, вели Росе.
„Елиф е нашата нова опција за овие две заминувања. Нашиот тим не е широк, но има многу квалитет. Елмас е сестран играч. Тој почна како главен играч во средниот ред, но може да игра како офанзивен и на крилните позиции. Има одлична техника, може да се враќа и назад и работи напорно“.