сабота, 27 јули 2024

Роналдо урна рекорд во Саудиска Арабија (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо со денешните два гола против Ал Итихад дојде до бројка од 35 голови во првенството на Саудиска Арабија и го урна рекордот за најмногу погодоци во една сезона во оваа лига.

Објавено на

часот

Сподели

Денеска се спушти завесата на сезоната во Саудиска Арабија, а Роналдо имаше фантастична индивидуална сезона која ја круниса вечерва.

Ал Наср со 4-2 го победи Ал Итихад, а два од погодоците беа на Кристијано Роналдо.

Тој сезоната ја заврши како најдобар стрелец со 35 голови, дури седум повеќе од Александар Митровиќ кој имаше 28 погодоци.

Роналдо ја крена летвичката и постави нов рекорд, никој досега во Саудиска Арабија не постигнал 35 погодоци во една сезона.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ