Кристијано Роналдо одново е во фокусот поради своите испади на фудбалските терени, Португалецот крираше нови сцени на синоќешниот натпревар помеѓу Ал Хилал и Ал Наср во Суперкупот на Саудиска Арабија.
Фрустрациите на напаѓачот почнаа во последните секунди од првиот дел, кога беше поништен гол на Отавио за водство на Ал Наср од 0-1. Судиите сметаа дека Кристијано Роналдо од офсајд позиција се обидел да игра со топката, па иако немало контакт, влијаел на акцијата и поради тоа голот не е регуларен.
Случувањата кулминираа во завршницата од мечот, кога Кристијано Роналдо непотребно влезе во дуел крај аут линијата и при кошкањето со лакт го удри противникот, потег за кој доби црвен картон.
Португалецот тешко ја прифати одлуката, па замавна кон судијата и малку фалеше да направи сериозен инцидент, за среќа се воздржа во последен миг.
¡Cristiano Ronaldo es expulsado! Y CR7 no oculta todo su enfado con el árbitro. 😱🟥 #SSCenFOX pic.twitter.com/OCwbillPj5
— FOX Deportes (@FOXDeportes) April 8, 2024