Роналдо не покажува знаци дека планира да сопре во брзо време, Португалецот вечерва го одигра натпреварот број 1.200 во својата кариера.
Мечот против Ал Ријад почна фрустрирачки за напаѓачот откако еден од дефанзивците со рака му блокираше удар на гол линијата, ЦР7 се чудеше како судијата не свирна пенал.
This league is doing everything in its powers to stop Cristiano Ronaldo.
How is this not a penalty? pic.twitter.com/sY8anhqqdQ
— M (@madridfooty_) December 8, 2023
Но потоа работите си дојдоа на свое место, Кристијано Роналдо во 33. минута рутински реализираше за 1-0, а во судиското надополнување, сјајно му асистираше на Отавио за 2-0.
Во продолжението од мечот, Талиска со два гола го потврди победникот, а почесниот гол за гостите беше дело на Греј.