Кристијано Роналдо беше првото звучно име што оваа година повлече нога и ја замени Европа со Саудиска Арабија, напаѓачот стана најплатениот во светот на фудбалот со примања од околу 200 милиони евра по сезона.
Неговата соработка со Ал Наср е до 2025 година, но последните информации велат дека Кристијано Роналдо сака да го продолжи престојот на Арапскиот Полуостров.
Новинарот Али Ал Харби објави дека ЦР7 пред да отпатува на должност со Португалија ги известил челниците на клубот дека сака да настапи на мундијалот во 2026 како фудбалер на Ал Наср и потоа следната година да стави крај на кариерата, па предлага да стави потпис на нов договор до 2027 година.
خبر مؤكد :
كريستيانو رونالدو أبلغ إدارة نادي #النصر السعودي قبل سفره إلى مُعسكر المُنتخب البرتُغالي بأنهُ يرغب بتجديد عقده إلى بداية عام 2027م “كريستيانو يُريد أن يلعب كأس العالم 2026م وهو لاعباً لنادي النصر ومن ثم سيُعلن اعتزاله لكُرة القدم” pic.twitter.com/8XxijdsMBk
— علي الحربي (@alharbi_44) October 9, 2023