понеделник, 21 октомври 2024
Португалецот одново во фокусот

Роналдо разочаран откако му поништија атрактивен гол, фрустрациите ги „истури“ врз камерманот (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Ал Наср синоќа одигра реми без погодоци против Ал Шабаб во Арапскиот куп на шампиони, а реакцијата на Криситјано Роналдо е топ тема.

Португалецот мечот го почна од клупата, влезе во второто полувреме и атрактивно погоди откако на гради смири една долга топка и потоа со волеј ја затресе мрежата. Но неговото славје веднаш беше прекинато, беше досуден офсајд.

Ал Наср до крајот на мечот не успеа да погоди, па Кристијано Роналдо беше видно разочаран од играта и даваше коментари. Фрустрациите ги „истури“ врз камерманот кој го следеше во секој чекор, ЦР7 го испрска со вода и му кажа да оди да снима на друго место.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ