Кристијано Роналдо вечерва испиша историја откако стана првиот фудбалер со 200 натпревари во националниот дрес, па за натпреварот против Исланд целосно да помине во негов знак, ЦР7 на Португалија и донесе победа од 0-1.
Во финишот од мечот, Инасио со глава спушти топка а Кристијано Роналдо одлично се снајде и ја затресе мрежата. Помошник го крена знаменцето за офсајд, но ВАР го потврди славјето на напаѓачот.
Вечерва во квалификациите за ЕВРО 2024 имаше неколку изненадувања.
Молдавија губеше со 0-2 против фаворизираната Полска во првото полувреме, но успеа да направи чудесен пресврт и на крајот да слави со 3-2.
Луксембург со 0-2 славеше на гостувањето кај Босна и Херцеговина, а Бугарија секунди ја делеа од победа над Србија, Лазовиќ во 97. минута спаси бод за гостите.
Белгија со 0-3 славеше против Естонија, Алабанија со 1-3 трумфираше над Фарски Острови, Словачка со минимални 0-1 го совлада Лихтенштајн, а Австрија, Норешка и Унгарија беа сигурни на домашен терен против Шведска, односно Кипар и Летонија.