недела, 6 октомври 2024

Роналдо по стапките на Леброн Џејмс, сака да игра заедно со својот син пред да оди во пензија!

Легендарниот романски напаѓач, Адриан Муту вели дека Кристијано Роналдо сака да игра заедно со својот син Роналдо Јуниор пред да стави крај на богатата кариера.

Објавено на

часот

Сподели

Кристијано Роналдо е под договор со Ал Наср до јуни 2025, но подолго време се шпекулира дека клубот од Саудиска Арабија сака да го задржи Португалецот и му нуди нова соработка.

Во моментов нема информации за тоа какви се плановите на ЦР7, а легендарниот романски напаѓач, Адриан Муту смета дека напаѓачот нема да се пензионира се додека не заигра покрај својот син.

„Има една цел пред да оди во пензија. Сака да настапи на официјален натпревар заедно со својот син и затоа нема да стави крај на кариерта. Тоа е неговата вистинска мотивација“ – вели Муту.

„Со Ал Наср тоа е можно. Тешко дека во Реал Мадрид може да се случи нешто такво“.

Роналдо Јуниор има 14 години и во моментов е дел од младинските екипи на Ал Наср, па за две-три години би можел да заигра покрај својот татко.

Едно вакво сценарио стана реалност во НБА, откако ЛА Лејкерс на драфтот го одбраа Бони Џејмс, синот на Леброн Џејмс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ