недела, 20 октомври 2024

Роналдо: Лигата во Саудиска Арабија е подобра од МЛС, јас ја отворив вратата тука

Објавено на

часот

Сподели

За разлика од минатата сезона, во следната Роналдо ќе има поквалитетни соиграчи, но и противници. Ова лето се случува вистинска инвазија на трансфери во Саудиска Арабија. За разлика од Португалецот, Лео Меси одлучи да оди во МЛС.

„Лигата во Саудиска Арабија е подобра од МЛС. 100 проценти сум сигурен дека нема да се вратам во европски клуб. Јас го отворив патот за лигата во Саудиска Арабија и сега сите фудбалери доаѓаат тука“, вели Роналдо.

„Мојата одлука да потпишам за клуб од Саудиска Арабија беше 100 проценти клучна за да почнат да доаѓаат нови играчи тука. Тоа е факт. Кога потпишав за Јувентус, Серија А беше мртва, а потоа откако јас потпишав – оживеа. Каде и да оди Кристијано, генерира интерес“.

„Нема да се вратам во европскиот фудбал, вратата е комплетно затворена. Имам 38 години, исто така европскиот фудбал загуби многу на квалитет, единствена валидна лига е Премиерлигата, тие се многу пред сите други лиги“.

„За една година, уште повеќе топ фудбалери ќе дојдат во Саудиска Арабија. За една година Саудиска Арабија ќе биде пред турската и холандската лига. Фудбалерите кои доаѓаат тука не се само стари, Жота и Невеш се млади играчи“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ