понеделник, 28 октомври 2024
ЦР7 со 38 години поставува рекорди

Роналдо ја доби пресметката со Бензема, постигна два гола и стана најдобар стрелец во светот во 2023!

Ал Наср славеше на дербито против Ал Итихад со убедливи 2-5, Кристијано Роналдо два пати погоди од пенал и со 53 погодоци е најдобар стрелец во светот во 2023 година.

Објавено на

часот

Сподели

Кристијано Роналдо ја доби пресметката против Карим Бензема, Ал Наср со убедливи 2-5 славеше на гостувањето кај Ал Итихад.

Домаќините поведоа преку Хамдалах, но само пет минути подоцна, Роналдо од пенал изедначи на 1-1. Пред крајот на првиот дел се случи пресврт, Талиска реализираше за 1-2.

На стартот од второто полувреме, Хамдалах донесе нов егал 2-2, но потоа Фабињо направи глупост, направи пенал и заработи втор жолт картон, па Роналдо од белата точка реализираше за ново водство од 2-3.

За Португалецот ова беше погодокот број 53 во 2023, па тој стана најдобар стрелец во светот оваа календарска година.

До крајот на натпреварот, Ал Наср ја искористи бројчаната предност, Мане со два гола ја потврди победата и ги постави конечните 2-5.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ