сабота, 27 јули 2024
Откриени детали од приватниот живот на Португалецот

Роналдо го трампал своето Порше за телефонско бројче на девојка од Пусикет Долс

Објавено на

часот

Сподели

Род Торнли, поранешен вработен во Манчестер јунајтед, откри детали од приватниот живот на Кристијано Роналдо, кога Португалецот настапуваше на „Олд Трафорд“.

Напаѓалчот често знаел да побара телефонско бројче од позната личност, а во еден момент прифатил и да го продаде својот автомобил Порше за половина цена.

„Гледавме Икс Фактор, беше Кимберли Вајат од Пусикет Долс и ме праша дали можам да му најдам бројче од неа. Го прашав, „Што има за мене? Цело време ти наоѓам бројчиња од девојки а за возврат не добивам ништо“. Ми одговори, „Ти се допаѓа мојот автомобил?“. Возеше Порше кабриолет. Ми рече, „Кога ќе се преселам во Реал Мадрид, ќе ти го продадам за половина цена“. Ми требаа 10 минути да дојдам до телефонското бројче од Кимберли Вајат и веднаш му го дадов. Кога дојде крајот на сезоната, го прашав дали договорот се уште важи, тој позитивно одговори и за 30.000 фунти ми продаде автомобил кој вредеше 60.000 фунти“ – раскажува Род Торнли.

„Следниот ден го продадов автомобилот за 50.000 фунти“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ