Кристијано Роналдо постигна гол во првото полувреме, но погодокот му беше поништен поради офсајд.
Во 75. минута Садио Мане изнуди пенал, одговорноста разбирливо ја презема Роналдо кој погоди од белата точка за победа од 1-0.
Ал Наср во финалето ќе игра со победникот од дуелот меѓу Ал Шабаб и Ал Хилал кои играат вечерва во второто полуфинале.