петок, 19 април 2024
НЕ САКА ДА ГУБИ НИТУ НА ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР

Роналдо бесен по поразот од Словенија, „плачеше“ за два недосудени пенали (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо беше бесен по поразот на Португалија на гостувањето во Љубљана, напаѓачот влезе во вербален дуел со четвртиот судија, и „плачеше“ за два недосудени пенали.

Објавено на

часот

Сподели

Словенија синоќа ја изненади Португалија, ја совлада со 2-0 и му го нанесе првиот пораз на Роберто Мартинез на клупата на популарните „Селесао“.

Резултатот особено го погоди Кристијано Роналдо, кој беше бесен по последниот свиреж на судијата.

На патот кон соблекувалната, напаѓачот влезе во вербален дуел со четвртиот судија, и „плачеше“ дека не им биле досудени два пенали.

И покрај тоа што се работи за пријателски натпревар, јасно е дека Кристијано Роналдо тешко ги поднесува поразите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ