недела, 19 мај 2024

Роми за демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи на изборите

Денес, додека Македонија ги организира своите претседателски избори, се појави голема загриженост за безбедноста и интегритетот на изборниот процес, реагираат членовите на Фондацијата Ромите за Демократија, кои се набљудувачи на изборите. Нивното укажување е дека биле изложени на сериозни закани и заплашувања од членови поврзани со партијата СДСМ. Како одговор на овие алармантни случувања, Фондацијата Ромите за Демократија испратила официјално писмо до лидерот на партијата СДСМ, во кое, како што велат бараат итна акција.

Објавено на

часот

Сподели

Во писмото, доставено денеска, се повикува на итна истрага за заканите кон ромските изборни набљудувачи и се нагласува потребата од брзи и соодветни санкции против сите вклучени членови на партијата.

„Фондацијата ‘Ромите за Демократија’ најостро го осудува овој чин на заплашување што се применува врз ромските набљудувачи на изборите“, изјави Селвије Мустафи Алкан, извршен директор на Фондацијата.

Од фондацијата реагираат дека безбедноста на сите набљудувачи на изборите мора да бидат гарантирани за да се обезбеди интегритет на изборниот процес и да се поддржуваат принципите на демократијата. 

Во писмото дополнително се бара одговор од лидерот на партијата СДСМ до крајот на денот, во кој се наведени чекорите преземени за решавање на  ситуацијата и спречување какви било дополнителни инциденти. 

„Нема да толерираме никакви закани или насилство врз оние кои се посветени на обезбедување слободни и фер избори“, додаде Алкан.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ