сабота, 27 јули 2024
Работилница за изучување на ромската традиција и култура

Ромите и Македонците имаат нешто повеќе од своето потекло

Ромите и Македонците имаат нешто повеќе од своето потекло, затоа што заедно имаат долга историја на заеднички соживот и постоење и ги негуваат традициите и фолклорните одбележја, беше кажано на работилницата на тема „Изучување на ромската традиција и култура“ што се одржува денеска во Делчево.

Објавено на

часот

Сподели

Учесници се млади од 15 до 25 години, кои низ песна и игра се запознаа со фолклорните одбележја, народните носии и традиции на македонската и ромската етничка заедница.

Ромите и Македонците, како што беше кажано на работилницата, имаат нешто повеќе од своето потекло, затоа што заедно имаат долга историја на заеднички соживот и постоење. Делчево е град на сите граѓани без разлика на нивната национална или верска припадност и според учесниците во проектот треба да се гордее со долгогодишното живеење и негување на овие традиции и фолклорни одбележја, со кои заедно се негуваат благодетите на нашата голема ризница од фолклорни обичаи.

„Работилницата беше едукативна и интерактивна, беше една интегрирана содржина, како еден мултимедијален пристап, со презентации на делови од носии од ромската етничка заедница и од народни носии како и автентични носии за македонскиот етникум“, истакна претседателката  Ермина Реџепова од невладината Тернипе МК.

На работилницата присуствуваа и 15 млади од партнерската организација на проектот гостите од Пирот, Србија.

Културното наследство како што додадоа е главно прашање за секоја етничка група и со полно право, децата треба да го негуваат својот идентитет и преку културата и народните традиции да живеат и развиваат заедништво, љубов, почит преку разни веселби, по разни поводи преку песни и ора, да се почитуваат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ