сабота, 27 јули 2024
Денеска е 8 Април - Меѓународниот ден на Ромите

Ромите го слават својот ден, но сѐ уште сонуваат за достоинствен живот

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот на државата Стево Пендаровски рече дека ромската заедница и во историска и во актуелна перспектива е нераскинлив дел од нашиот мултикултурен мозаик.

Ромската заедница е нераскинлив дел од мултикултурниот мозаик на нашето општество и потребно е заеднички да продолжиме да ги следиме европските вредности за еднаквост и за почитување на фундаменталните права на сите граѓани подеднакво. Со новата Стратегија за инклузија на Ромите 2022 – 2030 година, имаме план за насочување на политиките на државата со цел заеднички да ги надминеме децениските проблеми. Учеството на ромската заедница во сите општествени, културни и политички текови е нужно за градење праведно, демократско и мултиетничко општество. Сите ние, а особено носителите на функции, имаме генерациска одговорност да го подобриме квалитетот на животот на сите граѓани подеднакво. Нека ни е честит 8 април – Меѓународниот ден на Ромите“, пишува во честитката од претседателот Пендаровски.

Празник што без никаков сомнеж навистина ги заслужува почитта и искреното уважување од сите нас, од сите наши граѓани. Најголемото богатство на една земја се нејзините луѓе, а Република Северна Македонија во тој поглед има исклучително голема предност, имајќи ја предвид нејзината мултиетничност и мултиконфесионалност, коишто како единство на различности, уште повеќе го афирмираат и унапредуваат нејзиниот граѓански карактер. Во тој колорит Ромската заедница, нашите сограѓани Роми, се суштествен дел кој го прави нашиот граѓански мозаик целосен, објави Спасовски на Фејсбук.

„Најголемото богатство на една земја се нејзините луѓе, а Република Северна Македонија во тој поглед има исклучително голема предност, имајќи ја предвид нејзината мултиетничност и мултиконфесионалност, коишто како единство на различности, уште повеќе го афирмираат и унапредуваат нејзиниот граѓански карактер. Во тој колорит Ромската заедница, нашите сограѓани Роми, се суштествен дел кој го прави нашиот граѓански мозаик целосен“, напиша Спасовски.

Мојата лична заложба како човек пред се, и како премиер е да изградиме општество еднакво и кохезивно во чии темели се довербата и меѓусебната соработка. Општество во кое граѓаните и заедниците се чувствуваат безбедни и имаат еднакви можности за личен и професионален развој. Затоа се залагам во партенерска и искрена соработка со сите општетствени чинители, државни, невладини, граѓански организации, здруженија да ја унапредуваме положбата на ромската заедница во нашата држава, изјави премиерот Димитар Ковачевски на завчерашниот настан „Европски перспективи и квалитетен развој на ромската заедница во Северна Македонија“ по повод Меѓународниот ден на Ромите.

Тој посочи дека како резултат на Берлинскиот процес, во јули 2019 година, на Самитот во Познан, нашата држава заедно со земјите од регионот се обврзаа да ја подобрат состојбата на Ромите и да постигнат конкретни резултати во областа на образованието, вработувањето, здравството, домувањето, граѓанската документација и борбата против дискриминацијата низ патот за пристапување во Европската унија.

Вклучувањето на Ромите во целокупното општество е навистина важен индикатор за тоа колку ние како Европска Унија и Македонија како земја, која преговара за влез во ЕУ, сме успешни во обединувањето на различностите. Да покажеме дека сите сме на вистинскиот пат, порача евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир.

Евроамбасадорот Гир посочи дека ЕУ препознава многу тешкотии и дискриминација во поглед на економскиот живот со којшто се соочуваат Ромите но Унијата и презема чекори за да се реши ова, вклучително и финансиска помош, како и програмите што се спроведуваат, во рамки на ЕУ но и надвор. 

Тој нагласи дека е потребно да се стави фокус на прашањата како што се недискриминација, сместување, право на образование, право на работа, граѓански организации и при тоа треба да се премине од иницијативи на ЕУ и конференции кон конкретни чекори.

Тој истакна дека Европската Комисија ја фокусира својата поддршка на еднаквост, вклучување и учество, образование, вработување, здравствени услуги и сместување на Ромите со препораки како за земјите-членки така и за земјите што сакаат да станат членки и сето тоа поддржано со практични чекори исто теренски акции.

На конференцијата говореа и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, министерот за здравство Фатмир Меџити, министерот за образование и наука Јетон Шаќири, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски. 

И Собранието го одбележа 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите.

„Несомнено дека почитувањето на човековите права, еднаквоста, демократијата, владеењето на правото и функционалната пазарна економија за сите граѓани се неопходните предуслови за постигнување на таа цел. Но, и да не е целта во прашање, како одговорни политичари, и како граѓани, свесни сме дека подобрувањето на квалитетот на животот и посветеноста за изградба на еднакво и кохезивно општество кое што ќе се темели на взаемна доверба, соработка и во кое нашите граѓани и сите заедници ќе се чувствуваат безбедни и ќе имаат еднакви можности за личен развој е единствениот пат кој што ќе го следиме и за кој што веруваме дека ќе вроди со најпозитивните резултати“, рече меѓу другото Џафери.

По повод празникот свое обраќање имаше и пратеничката Љатифе Шиковска.

„Ромите остануваат најзагрозена и економски најранлива заедница. И годинава, како и претходните години, на тоа нѐ потсетуваат меѓународните организации меѓу кои и Европската комисија.  Има декларативни и афирмативни заложби за поголема видливост на Ромите на сите нивоа, но реално многу сме далеку од иста стартна основа со останатите заедници во нашето општество, истакна пратеничката Шиковска.

Меѓународен ден на Ромите – ден на прослава на ромската култура и подигање на свеста за проблемите со кои се соочуваат Ромите. Денот службено бил прогласен во 1990 година во Сероцк, Полска, местото каде што се одржал четвртиот Светски ромски конгрес на Меѓународната ромска унија во спомен на првата поголема меѓународна средба на ромските претставници која била одржана во Чесфилд крај Лондон, Обединетото Кралство од во април 1971 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ