петок, 18 октомври 2024

Ромарио: Е*и го Анчелоти, сакам Диниз да остане селектор на Бразил!

Бразилската фудбалска икона, Ромарио вели дека Карло Анчелоти не му е потребен на Бразил бидејќи го имаат Диниз.
 

Објавено на

часот

Сподели

Весникот „О’Глобо“ најавува мега интервју со Ромарио и пушта дел од изјавите на Бразилецот кои ќе бидат емитувани во него.

„Е*и го Анчелоти! Јас сакам Диниз да остане селектор на Бразил до крајот“, изјавил дрско Ромарио во интервјуто.

Се верува дека Карло Анчелоти треба да ја преземе бразилската репрезентација на лето, двете страни веќе се договорени. А во меѓувреме Бразилците го назначија Фернандо Диниз за привремен тренер.

Диниз е тренерот на Флуминенсе кој го разбранува фудбалот во Јужна Америка, со новата, иновативна тактика која го врати сјајот на играта.

Ромарио е фан на Флуминенсе, па одблиску ја прати работата на Диниз.

„Сакам да му честитам на Едналдо Родригез, претседателот на ЦБФ (Бразилската фудбалска федерација), бидејќи направи одлична работа со изборот на Диниз. Тој е најдобриот тренер што го имаме во Бразил. Уште немал доволно време со репрезентацаијата за да го направи тоа што го прави со клубот, а тоа е тренирање, соединување на фудбалерите, нешто што претставува сила. Сега прави што може. Одиграа нерешено и загубија на последните две средби, но никој не победува постојано“, вели Ромарио.

Во интервјуто го прашале и за новиот тренд на заминување на печалба на Блискиот Исток.

„Да играв сега и јас ќе заминев. Мора да одат таму. Фудбалерите имаат 10 до 15 години во својата врвна кариера и мора да извадат максимум од тоа време финансиски, особено оние кои немаат надеж дека ќе бидат меѓу најдобрите во светот“, го кажал својот став 57-годишниот Ромарио.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ